НОВ ШЕСТМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА СЈО: Преслушани се 96 отсто од „бомбите“

15.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВ ШЕСТМЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА СЈО: Преслушани се 96 отсто од „бомбите“

Специјалното јавно обвинителство од вкупно 606.555 аудиофајлови со кои располага, обработило 96 отсто, се вели во Извештајот за работата на ова обвинителство за периодот септември 2018 – март 2019 година. Досега издвоени се 453.281 приватни разговори, а анализирани се вкупно 56 отсто од СМС-пораките со кои располага ова обвинителство.

Во извештајот повторно се потенцира дека се очекува во што пократок рок да се донесе законско решение со кое ќе му се овозможи на СЈО да стане интегриран дел од јавнообвинителскиот систем во државата.

„И покрај донесеното правно мислење на Врховниот суд во однос на постапувањето на ова обвинителство, како и повикувањето на ваквото мислење од страна на дел од осомничените и нивните бранители, евидентно е дека ова Јавно обвинителство постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања во рамки на предметите што ги води“, пишува во извештајот.

Во однос на ова, СЈО алудира на истрагата за предметот „Империја“ каде што Орце Камчев и Сашо Мијалков беа ослободени од куќен притвор врз основа на начелното правно мислење на Врховниот суд со кое СЈО е неовластен тужител да отвора истраги по 1 јули 2017. Од СЈО тврдат дека во решенијата на Апелациониот суд стои дека во случајот не станува збор за за покренување обвинение, туку за воспоставување надлежност врз тековен предмет врз предмети кои претходно биле под надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и основните јавни обвинителства во Скопје и во Битола.

Од СЈО информираат дека од септември лани досега отворени се предистражни постапки за 81 предмет. Вклучувајќи ги претходно отворените предистраги, досега во СЈО се работи на вкупно 243 предистражни постапки.

Во истиот период, СЈО отворило 8 нови истраги против вкупно 64 лица.

Од одобрениот годишен буџет од 3,7 милиони евра, СЈО годинава потрошило 16 отсто од парите.

извор makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата