Денеска во Судот ќе биде објавена пресудата за насилствата во Собранието на 27-ми април во кој обвинети се Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.
Во овој судски процес како извршители на упадот во Собранието најпрво беа обвинети 33 лица но по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.
Случајот го води Судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Обвинителката Вилма Русковска.
На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.