Ова ја убива вашата врска и однос, АКО ТИ Е ВАЖНО ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ ВАС

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова ја убива вашата врска и однос, АКО ТИ Е ВАЖНО ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ ВАС

Физичката привлечност во врската е важна, бидејќи паровите често тоа го надоместуваат во третата личност, на партнерот му префрлаат за други работи, а последиците за тоа партнерот повеќе сексуално да не ве привлекува се многу големи.

1. Немате сексуален живот 

Луѓето во врските во кои немаат сексуални привлечности ќе имаат многу малку сексуални односи кои треба да се нормални во услови кога нема здравствени пречки - барем до средината на педесеттите. Терапевтот Фиона Амоабил рекла дека имала парови кои не биле интимни и по 15 години. Поголемиот дел од овие партнери спијат во одвоени кревети. Причината за тоа е што многумина од нив никогаш немале добар сексуален живот.

2. Афера

Недостатокот на сексуална привлечност, па и сексот, остава отворени врати за третата личност и аферите. Според зборовите, Амоабил, љубовникот најчесто бара партнер кој чувствува помала сексуална привлечност. Оној момент кога врска со љубовникот станува сексуална сè потешко може да се прекине.

3. Ситничарење

Кога партнерот се чувствува "заробено" и несреќно во врската, тогаш константно бара работи кои се погрешни кај неговиот партнер. Работи кои некогаш ги сакал сега го нервираат. Ова е садистичко однесување и тешко е да се прекине.

4. Дистанцирање

Партнерот кој не чувствува привлечност останува на страна, но проблемот е што ова не значи дека само со сексот се оддалечува туку и физички и емотивно.

5. Недостаток на почит

Поединци кои не чувствуваат привлечност можат да покажат недостаток на почит кон својот партнер - одбгенување, навредување во јавност, понижување, кои го покажуваат најголемиот степен на незадоволство во врската.

6. Недостаток на приврзаност

Во врските во кои има малку или ниту малку секс, на повеќето им недостига и поврзаноста која се покажува низ ситници. Ретко се држат за рака, речиси никогаш не шетаат прегрнати или дури не седат и на каучот заедно додека гледаат телевизија.

"Кога ќе барате партнер, на листата ставете ја и физичката привлечност и сексуалната компатибилност дококу сакате цврсти и силни корени", рекла Амоабил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата