АА: Или Насер Зибери премиер ИЛИ ДУИ ОПОЗИЦИЈА

14.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АА: Или Насер Зибери премиер ИЛИ ДУИ ОПОЗИЦИЈА

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска му порача на ДУИ или Насер Зибери да биде премиер, или ДУИ да оди во опозиција„

- Сакаме да ја известиме јавноста  дека ние не сме имале ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и нема да да преговараме пред легалниот, но нелегтимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ,  да го исцрпи правото за да биде дел од идната влада. Јавноста треба да знае дека заврши времето кога албанците се туркаа пред вратата на влада, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот, велат од коалицијата.

Тие додаваат дека нема да влезат во преговори, се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери.

- Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде Премиер, ние со нашите 12 Пратеници ќе гласаме за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партиа нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција, велат од Коалицијата

За тркалезната маса организирана од Ахмети тие велат дека одговориле позитивно на истата но побарале одложување за неколку дена.

- Наместо пролонгирање на датумот, тие што не поканија ни одговорија истиот ден, после нашето писмо, одредувајќи го дневниот ред, но без пролонгирање на датумот на средбата. Од таква наметнета позиција, нас ни се одзема можноста да учествуваме на таа средба, и подтекстот на ова покана било ние да не учествуваме и средбата да не се одржи. Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната Маса на Парламентарните Албански Партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Северна Македонија, и во иднина да се надминат ови пречки, потенцираат од Алијанса и Алтернатива

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата