Од сензација, до трагедија. Аталанта до 91. минута имаше полуфинале во раце, но Маркињос и Чупо-Мотинг за само три минути подготвија неверојатен пресврт во Лисабон, донесоа победа за ПСЖ од 2:1 и го промовираа францускиот шампион во прв полуфиналист во завршницата на Лигата на шампионите.
Аталанта беше на прагот на најголемото изненадување, откако марио Пашалиќ со прекрасен гол во првото полувреме ги доведе Италијанците во водство од 1:0.
И покрај бројните шанси, ПСЖ не успеа да израмни се до завршницата на мечот. Тогаш со еден сосема случаен гол, Маркињос во 91. минута израмни на 1:1, а кога сите се подготвуваа за продолженија. Мбапе креираше шанса за Чупо-Мотинг кој во 94. минута погоди за 2:1 и за големо славје кај сите фанови на францускиот првак.