Ова се трите НАЈУБАВИ УНГАРСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ (ФОТО)

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се трите НАЈУБАВИ УНГАРСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ (ФОТО)

Освен што се важни центри за истражување и образование, многу универзитети во Унгарија се претпознатливи по својот неверојатен амбиент и архитектура. Истражувањето открива кои универзитети Унгарците ги сметаат за најубави во својата земја.

Унгарскиот сајт за образование Едулин спроведе истражување за да открие кои универзитети Унгарците ги сметаат за најубави во својата земја, на која само три универзитети добија 80% од вкупните гласови (34.135).

Универзитет во Сегед

Првото место му припадна на Универзитетот Сегед, кој доби 40% од гласовите. Историјата на овој универзитет започнува во 1580 година, кога неговиот претходник, језуитскиот колеџ во Клуж-Напока бил основан од страна на Стефан Батори, Војводе од Трансилванија. Сепак, во 1921 година, после експанција која траела со векови институцијата (наречена универзитет Франц Јозеф во тоа време) се преселла во Сегед во новата универзитетска зграда заедно со ботаничка градина и разни спортски терени.

Еклектичната зграда со класични елементи е дизајнирана од Антал Скалницки, а завршена во 1873 година. Поради високата позиција, зградата служела како засолниште за многу локални жители за време на големата поплава во март 1879 година, денес е универзитет во „Градот наа Сонцето“ кој редовно се рангира меѓу врвните универзитети во Унгарија и е добро признат на меѓународно ниво.

Универзитет во Дебрецен

Универзитетот во вториот по големина град во Унгарија се најде на второто место во анкетата со 30% од гласовите. Оригиналната институција, Калвинистичкиот колеџ во Дебрецен е основан во 1538 година. Овој Универзитет со векови игра истакната културна и едукативна улога во земјата. Преку владин декрет во 1912 година, делумно бил претворен во Универзитет, со кој се поставиле темелите за серија инвестиции т.н. голема шума, за да може институцијата да смести се поголем број студенти.

Изградбата на главната зграда започнала во 20-тите години на минатиот век: следејќи го Собранието и замокот Буда, тоа било најзначајната инвестиција во земјата во тоа време. Денес, посетителите ќе најдат прекрасен француски парк со фонтана (постои традиција дека секој студент треба да се натопи во водата по успешното дипломирање), и група скулптури како почит кон луѓето од Дебрецен кои играле важна улога за време на реформацијата.

Универзитет Свети Стефан

Третата институција по рангот (со 10% од гласовите) е универзитетот Свети Стефан кој се наоѓа во сценскиот град Геделе на само 30 км северо-источно од Будимпешта. Универзитетот постои под ова име уште од 2000 година, но корените на претходникот (Универзитетот за ветеринарна медицина) датираат од 1787 година. Импозантната нео-барокна зграда порано служела како училиште за Премонстратеншката заедница. Денес, универзитетот е најпознат по своите факултети за земјоделски науки и храна и архитектура. И покрај релативно малиот број студенти (околу 13 000), универзитетот е многу богат со обележја: тука спаѓаат Музејот на земјоделски машини, кој ја има втората по големина колекција на земјоделски машини во светот, ботаничка градина, а главната зграда е украсена со разни скулптури од уметници како што е унгарскиот Америго Тот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата