КЛАСТЕР СВАДБА ВО КИЧЕВО: Зетот фатил корона, невестата првично ја криеле како контакт

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛАСТЕР СВАДБА ВО КИЧЕВО: Зетот фатил корона, невестата првично ја криеле како контакт

Младоженецот и дел од гостите од свадбена веселба во Кичево се заразиле со коронавирус, ама во епидемиолошките прашалници никој не ја споменал забавата, дознава „Слободен печат“.

Невестата е наведена како контакт на позитивниот сопруг, а позитивна е и сопругата на братот на младоженецот.

Свадбата се одржала во приватен стан на затворено, минатиот викенд. Присутни биле најмалку 30 луѓе во затворена просторија во стан, а Кичево, иако град во кој секој со секого се знае, ја нема регистрирано оваа церемонија како можен настан од кој се инфицирале барем двајца, а можно е и повеќе лица

Центарот за јавно здравје Битола кој е надлежен за овој град, вчера регистрираше 18 новозаразени во Кичево, што претставува рекорд за градот.

Денеска има нови четворица позитивни. Меѓу вчерашните потврдени се наоѓал зетот. Неговата штотуку венчана сопруга е засега посочена како контакт. Во епидемиолошките прашалници никој не навел податок дека присуствувал или организирал свадба.

Веселбата, според  информации на порталот била одложувана подолго време, но на крајот семејствата не и одолеале на организацијата на настанот, за која одекнало низ градот но не доволно силно за да дознаат и епидемиолозите.

Повеќе на Слободен Печат

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата