Костовски: Ако беа решени, ТРЕБАШЕ ДА НЕ ЗАТВОРАТ ПРЕД ДА ЗАГЛАВИМЕ уште 15 милиони евра

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костовски: Ако беа решени, ТРЕБАШЕ ДА НЕ ЗАТВОРАТ ПРЕД ДА ЗАГЛАВИМЕ уште 15 милиони евра

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија,  изјави за Фактор бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, по одлуката за укинување на работата на банката. 

Костовски за во петок најавува пресконференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката.

- Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработимеКако можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата. Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата