НЕ Е ДО ОРГАЗМОТ - Еве зошто и како с*ксот нѐ прави среќни

12.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ Е ДО ОРГАЗМОТ - Еве зошто и како с*ксот нѐ прави среќни

Колку и да е пријатен, оргазмот не е причината зошто сексот долгорочно добро влијае на луѓето. Потребата за нежност и галење во подеднакво иста мера сѐ почесто се јавува и кај мажите и кај жените.

Голем број истражувања ја потврдиле поврзаноста на честите сексуални односи со поголемо чувство на среќа кај поединци, е една студија дури успеа и да го најде еквивалентот на таа среќа во пари. Според оваа студија, секс еднаш неделно се споредува на исто ниво на задоволство кое би го имале ако на годишно ниво заработуваме една четвртина повеќе од нашите актуелни приходи.

Прашањето дали сексот нѐ прави среќни се чини како реторичко, но факт е дека бројни активности во кои уживаме немаат толку долготрајно влијание на среќата што ја чувствува човекот, како среќата што ја предизвикува сексот.

Од друга страна, алтернативното објаснување на овој феномен е дека повеќе имаме секс кога сме среќни, па тешко е да се одреди што дошло прво, како колоквијалната дилема „јајцето или кокошката?“

Во серијата истражувања објавени во билтенот Личност и социјална психологија, канадски и швајцарски психолози ја разгледале оваа тематика малку подлабоко од моменталната благосостојба што ни ја носи сексот и открија нешто многу интересно.

Нежност, а не само оргазам
Како главна причина зошто сексот долгорочно позитивно влијае на односот и среќата кај партнерите е галењето поврзано со него и други начини на изразување нежност, а не самото достигнување оргазам.

Тоа не се однесува само на времето на самиот сексуален чин, туку и на часовите после тоа.

Љубовта е само механизам чија цел е некој да нѐ нарече мил/а, драг/а или љубен/а по сексот, пишува психологот Џулијан Барнс.

Сепак, многу е важно тие зборови да доаѓаат од партнер кој ние го сакаме и цениме, бидејќи тогаш се потврда за нашиот добар љубовен избор. Колку повеќе секс, толку подобро, велат психолозите, поради почесто изразување привлечност кон партнерот.

На луѓето најсилен афродизијак им е сознанието дека се посакувани од некој кој и самите го посакуваат. До оргазам можете да дојдете и сами, но нежност и потврда е потешко да си пружите сами на себе.

И мажите и жените имаат слично мислење
Презафатеноста, пролонгираните работни обврски, стресот и уморот предизвикуваат поголема потреба за нежни љубовни допири, а дури две третини од луѓето во стабилни врски сакаат повеќе галење со саканата личност.

Иако една третина од нив признаваат дека можат со денови да живеат нормално, без да го допрат партнерот, тројца од петмина испитаници сакаат почесто да се бакнуваат и галат со партнерот.

Околу 80% од луѓето сметаат дека физичкиот контакт е многу важен елемент во врската, а потоа се чувствуваат многу попривлечни и поубави.

Честото галење и „случајно“ допирање со партнерот се показатели за стабилноста на односот, покажуваат резултатите од студијата на Институтот Кинси во САД. Истражувачите нагласуваат дека потребата за нежност и галење во подеднакво иста мера сѐ почесто се јавува и кај мажите и кај жените.

Извор: Кајгана

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата