Трајанов: Не сме дале бланко поддршка на СДСМ - МОЖЕ ДА ЈА ОТПОВИКАМЕ ПОДДРШКАТА АКО НЕ НИ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА

11.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трајанов: Не сме дале бланко поддршка на СДСМ - МОЖЕ ДА ЈА ОТПОВИКАМЕ ПОДДРШКАТА АКО НЕ НИ СЕ ИСПОЛНАТ БАРАЊАТА

Павле Трајанов претседател на Демократскиот сојуз кој е дел од коалицијата на СДСМ во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека СДСМ нема бланко поддршка од Демократски сојуз, и таа може да биде отповикана.

Во однос на барањето за премиер албанец не е прифатливо, тврди Трајанов.

Трајанов вели дека ДУИ се реални и тие знаат дека идејата за премиер албанец нема да помине.

Таа партија којашто ќе прифати таква уцена мислам дека треба да се избрише од политичката сцена, но тоа нема да го направи ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ без разлика дали е голем притисокот за да се направи влада, таква уцена од ДУИ нема да биде прифатена, вели Трајанов.

Трајанов истакна дека од својата коалиција со СДСМ бара да се земат во предвид три важни барања за неговата партија, како и тоа дека се чека да се види што ќе биде производ на преговорите со ДУИ, но дека СДСМ нема бланко поддршка од страна на Демократскиот сојуз и доколку не бидат исполнети барањата може да се отповика поддршката кон СДСМ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата