Фудбалерите на Манчестер Ј. имаа голема доминација на пресметката со ФК Копенхаген во Келн, но не успеаја да постигнат гол во регуларните 90. минути. Битката која донесе голем број на упатени удари кон голот на Данците, на крајот отиде во дополнителни 2 х 15 минути.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер имаа неколку извонредни шанси во финишот на мечот, во првото полувреме постигнаа и еден гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Останува да почекаме да видиме дали победникот ќе биде решен во дополнителното време, или ќе гледаме пенали.