Денеска своите подготовки за новата сезона ги почна и ЖРК Металург. Актуелниот шампион на Македонија денеска го одржа својот прв собир во Автокоманда, а потоа го одржа и својот прв тренинг. Во следните седум дена девојките ќе тренираат во сала, во мали групи од по пет ракометарки, а своите кондициони тренинзи ќе ги држат на падините на Гази Баба.

ЖРК Металург во Скопје ќе тренира до 23 август, а потоа најверојатно ќе замине во Маврово на висински подготовки.

Во однос на минатата сезона ЖРК Металург има минимални промени во својот состав. Од екипата заминаа централниот бек Михаела Стојановска, која замина во Вардар, и голманот Теодора Кркачева, која престана да се бави со ракомет.

Дојдоа левиот бек, повратничката, Милица Николиќ и десното крило, кое може да игра и на позиција десен бек – Ива Младеновска.