Српскиот кошаркарски репрезентативец, Василије Мичиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Анадолу Ефес, потврди неговиот менаџер Миодраг Мишко Ражнатовиќ.

Во претходните недели се појавија шпекулации за потенцијално заминување на српскиот кошаркар во Реал Мадрид, но од тоа нема ништо. Исто така, постоеше можност Мичиќ да замине во НБА летово, но на крајот се донесе одлука да остане во Истанбул.

Мичиќ е еден од најдобрите плејмејкери во Европа во последните две сезони, а заедно со Шејн Ларкин, тие се веројатно најдобриот пар бекови на Стариот континент.