Заев: МОЖЕМЕ И НИЕ СО ВМРО ДПМНЕ И НЕАЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ДА ПРАВИМЕ ДОГОВОР“

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: МОЖЕМЕ И НИЕ СО ВМРО ДПМНЕ И НЕАЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ДА ПРАВИМЕ ДОГОВОР“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати денеска Ахмети до лидерите од албанскиот политилки блок по повод годишнинатата од  Рамковниот договор, порачувајќи дека таква средба може да имаат и претставниците од како што вели неалбанските граѓани. Ако е поводот Охридскиот договор, потенцира, таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

- Дадов коментар на  директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го  чувствувам како притисок. Понатаму  нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани  во државата, од неалбанската  етничка заедница, значи може и тие да се соберат. Значи, можеме ние и со претставници на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ  и со турските партии и слично, треба да се води грижа и за тоа. Ако е поводот Охридскиот рамковен договор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму, рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата