Кими Раиконен испиша историја во Формула 1. 40-годишниот Финец кој годинава вози за тимот на Алфа Ромео во Формула 1., успеа да го урне рекордот на Михаел Шумахер. На последната трка во Силверстоун по повод 70-годишнината од патеката, Раиконен дојде до бројата од вкупно извозени 16.845 круга во Формула 1 и е апсолутен носител на рекордот во еминентното натпреварување.

Покрај за Алфа, Кими возеше и за Заубер, Мекларен, Ферари и Лотус. Тој стана светски шампион во 2007 година, како возач на Ферари.