НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

10.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Овен 

РАБОТА: Не ве очекуваат поголеми проблеми или промени кога станува збор на деловно поле.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација може да биде многу комплицирана бидејќи вашиот партнер не умее да се постави на вистинскиот начин кон вас.

ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на алергиски реакции.

Бик

 

РАБОТА: Како да се вртите во круг околу некои ситни обврски кои никако да завршат.

ЉУБОВ: На полето на љубов ве очекува солидна и стабилна ситуација, без поголеми проблеми. Можете да се надевате на генерално добра состојба.

ЗДРАВЈЕ: Обидете се да го подобрите имунитетот.

Близнаци

 

РАБОТА: Пред вас е исклучително поволен период за одмор и релаксација. Работата сега не ви е приоритет.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ви следат бројни нови случувања, флерт и нови познанства.

ЗДРАВЈЕ: Можен е мал пад на имунитетот.

Рак

РАБОТА: Периодот е поволен ако работите две работи или ако сте во потрага за дополнителен извор за заработка.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација би требало да биде солидна, со саканото лице имате одличен однос.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за можни здравствени проблеми поврзани за органите за варење.

Лав

РАБОТА: Периодот е поволен за деловни преговори, кратки патувања и се што може да има врска со документи.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува убава ситуација со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за можните проблеми со синусите.

Девица

РАБОТА: Периодот е поволен за вашето поле за финансии, можете да очекувате многу добра ситуација на материјален план.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можна е богата понуда, многу додворувачи.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со зголемен шеќер во крвта.

Вага

РАБОТА: Лошата концентрација може доста да ви нашкоди и на вас и на вашата работа, поведете сметка за тоа.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е сега приоритет, сакате максимално да му се посветите на саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни се тешкотии поврзани за главата, болки, притисок во главата и очите.

Скорпија

 

РАБОТА: Имате големи идеи и планови но многу работи се одложуваат и не можете се да реализирате.

ЉУБОВ: На полето за љубов можни се несогласувања со саканото лице со кое имате нејасен однос.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми на нервна база.

Стрелец

РАБОТА: Задоволни сте со резултатот од обавената работа и делува дека ќе бележите успех на подолги стази.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, многу лесно освојувате и заведувате. Ќе имате среќа оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Одлично здравје, ќе бидете полни со позитивна енергија.

Јарец

РАБОТА: Максимално сте и посветени на работата но без оглед на тоа некои работи не ви одат од рака.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде како на раскрсница, големи проблеми поради ситни недоразбирања.

ЗДРАВЈЕ: Можно болки во грбот, или проблем со забите.

Водолија 

РАБОТА: Среќата ве следи па остварувате добри резултати дури и кога не се трудите доволно.

ЉУБОВ: На полето на љубовта можете да очекувате интересна атмосфера со личност од странство.

ЗДРАВЈЕ: Можни се мали проблеми со крвниот притисок.

Риби 

РАБОТА: Можете да се надевате на мало подобрување на полето на финансии. Добро се чувствате поради тоа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, многу сте страствени и желни за нови случувања и авантури.

ЗДРАВЈЕ: На полето на здравје ве очекува солидна ситуација. Сепак, можна е појава на некои хронични проблеми поврзани за уринарниот тракт.

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата