Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица, е билансот што го регистрира вчера Министерството за здравство. Според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување на бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип како дел од стратегијата за справување со КОВИД-19, а рече и дека се преземаат чекори за зајакнување на болничките капацитети, за брзо тестирање, како и за зголемување на медицинскиот персонал во пресрет на евентуален нов корона бран оваа есен

На Инфективната клиника, како што покажува последната, вчерашна статистика на Министерството за здравство, примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 80. На кислородна поддршка се 37, а ниту еден не е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни, додека тројца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени девет нови, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се петмина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, оздравени се 7.622, починале 523, а активни случаи има 3.609.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5116, активни 1305

• Куманово 1139, активни 267

• Дебар 216, активни 125

• Штип 944, активни 392

• Прилеп 344, активни 48

• Тетово 1093, активни 208

• Струга 478, активни 195

• Велес 239, активни 30

• Битола 161, активни 71

• Охрид 298, активни 90

• Кавадарци 104, активни 82

• Гостивар 549, активни 313

• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 40, активни 24

• Крива Паланка 26, активни 12

• Радовиш 33, активни 10

• Крушево 16, активни 7

• Кочани 113, активни 25

• Пробиштип 62, активни 20

• Демир Хисар 42, активни 31

• Македонски Брод 51, активни 40

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 28, активни 24

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 4

• Свети Николе 233, активни 121

• Кичево 188, активни 115

• Ресен 146, активни 17

• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Најчитани вести