Интригира дури и 58 години подоцна - ОВА Е ПОСЛЕДНОТО ВИДЕО НА МЕРИЛИН МОНРО

8.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интригира дури и 58 години подоцна - ОВА Е ПОСЛЕДНОТО ВИДЕО НА МЕРИЛИН МОНРО

Психијатарот Ралф Гринсон го пронашол телото на познатата холивудска актерка Мерилин Монро во спалната соба на нејзиниот дом во Брентвуд, Калифорнија, на  5 август 1962 година.

Гринсон околу 3 часот наутро бил повикан од страна на куќната помошничка Јунис Муреј која забеележала дека нешто не е во ред, бидејќи светлаото во просторијата било вклучено, а вратата била заклучена.

Смртта на холивудската дива официјаллно ја потврдил Хајман Енгелберг, докторот Мерилин Монро, кој пристигнала во куќата околу 3:50 часот.

Веста за ненадејната смрт на актерката наскоро се појави на сите насловни страници на американски и европски списанија, а стапката на самоубиства во Лос Анџелес  двојно се зголеми тој месец.

Ова е последно позната снимка на Мерилин Монро, направена непосредно пред актерката трагично да си го одземе животот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата