ПОДДРШКА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ: Луѓе се сликаат со транспаренти, а на нив името на Вучиќ (ФОТО)

8.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОДДРШКА ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ: Луѓе се сликаат со транспаренти, а на нив името на Вучиќ (ФОТО)

Граѓаните на Србија кои живеат и работат во странство спонтано се собираат за да го охрабрат Вучиќ да истрае во борбата и да се спротивстави на притисоците.

Граѓаните на Србија, кои живеат и работат во странство, деновиве спонтано објавуваат фотографии на социјалните мрежи, во кои се наоѓаат транспаренти со пораки за поддршка за претседателот Александар Вучиќ, а дел од нив извадија и српски знамиња.

Србите се собраа буквално низ целиот свет, од далечните Бразил и Флорида, преку европските престолнини како Париз и Виена, до Москва и Санкт Петерсбург, за да го охрабрат Вучиќ да истрае во борбата за интересите на Србија во време кога тие се загрозени повеќе од кога било во современата српска историја.

Поддршка за Вучиќ од Словенија

„Поддршка за Вучиќ“, „Мајами го сака Вучиќ“, „Тбилиси е со Вучиќ“… се само некои од пораките на транспарентите што претежно ги држат млади, девојчиња и момчиња, веднаш до знаменитостите на градовите во кои живеат.

Оваа спонтана поддршка за претседателот незапирливо се шири на сите социјални мрежи во моментот кога му е најпотребна. Треба да се потсетиме дека Вучиќ деновиве се соочува со големи притисоци на сите фронтови.

Кога станува збор за решавање на проблемите на Косово и Метохија, тие притисоци доаѓаат од Албанците, но и од сите светски центри на моќ.

Треба да се потсетиме дека српскиот претседател Вучиќ вчера повтори дека Србија не е заинтересирана за дијалог со Приштина во кој од Србија се бара само да ја признае независноста на јужната провинција, поради што е изложена на отворени ултиматуми.

Сè се случува среде борбата против коронавирусот, со кој Србија се справува подобро од земјите на Европската унија, а со економски мерки координирани од Вучиќ, тој практично успева да го потисне погубното дејство кое го има коронавирусот врз економиите на сите земји во светот.

За потсетување, според анализите и предвидувањата на ММФ и другите глобални финансиски институции, Србија е рангирана меѓу најдобрите држави кои успешно ќе се справат со економските последици од пандемијата.

Во исто време, Вучиќ претрпува огромен притисок дома, од опозициските партии кои организираа неуспешен бојкот на изборите и нивните растечки медиуми. Така, во последниот месец, повеќе од 1.000 текстови се објавени само против претседателот на Србија.

Српската дијаспора очигледно го препозна моментот и спонтано реши да го поддржи Александар Вучиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата