Нурковиќ: Постои интерес за авиолинија Сараево-Скопје-Подгорица

13.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нурковиќ: Постои интерес за авиолинија Сараево-Скопје-Подгорица

Постои интерес за воведување на авионска линија Сараево-Скопје-Подгорица, рекол министерот за транспорт на Црна Гора, Осман Нурковиќ, на состанокот со македонскиот амбасадор Михајло Трпкоски.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, Трпкоски рекол дека Црна Гора и Северна Македонија се гоеграфски многу близу, но дека не постои авиолинија која ги поврзува двете држави.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението на Министерството, размениле мислења за можноста за што подобро сообраќајно поврзување на двете држави.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата