Сестри на уб*ената пејачка огорчени на ѕвездата на Гранд: “Милица поради пари гази преку мртва Јелена“

6.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сестри на уб*ената пејачка огорчени на ѕвездата на Гранд: “Милица поради пари гази преку мртва Јелена“

Теодора и Маја Крсмановиќ ја нападнале Милица Павловиќ ѕведа на “Гранд“затоа што се согласила  во серијата “Пејачка“ да ја глуми нивната покојна сестра Јелена Марјановиќ. Ја нападнале откако на Фејсбук се пофалила дека ја добила улогата и и порачале дека “поради пари гази преку мртви“!

6 месецу траел кастингот за улога на Јелена Јовановиќ...

“Сега кога информацијата за серијата “Пејачка“ стана јавна, чуствувам голема еуфорија и возбуда. Станувам свесна што во суштина се случува и каква одговрност имам во наредниот период“, напишала Милица , а оваа нејзина објава веднаш ја искоментирала дизајнерката Маја Крсмановиќ:

“Чуствувш еуфорија?! Па гледај, млада дамо, јас имам доволно изградена свест за тоа никогаш не би пристанала да глумам, не дај Боже, некоја твоја убиена роднина. Размисли малку посериозно за сето ова. Верувај ми не е тешко да се свати што во оваа ситуација не штима. Понекогаш навистина останувам без текст колку некои луѓе се нехумани...“

Набрзо се огласила и Теодора Крсмановиќ со уште по остри зборови кон Павловиќ:

“Очигледно за пари се гази и преку мртви! Вероватно и Јана чуствува иста еуфорија поради снимање на оваа морбидна серија за својата мајка“, напишала таа, а потоа се обратила до целата екипа на серијата:

“Ма не чуствува само Милица еуфорија, туку цел тим на лудаци!“.

Не гбиле консултирани Крсмановиќ

Нејзината сестра Маја открива дека никој од екипа на серијата не ги контактирал и прашал дали од семејството Крсмановиќ се согласни да се сними серија за Јелена.

Милица, од друга страна не сакала да влегува во расправа, со што ги игнорирала сите коментари од сестрите на Јелена.

Исто така Милица не сакала да одговори на прашањето дали осудите од семејството на Јелена ја поколебале.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата