Претепаниот тетовски ЛГБТ активист вели: ЌЕ КУПАМ ПИШТОЛ И ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ! Не може кој стигне да ме тепа

5.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претепаниот тетовски ЛГБТ активист вели: ЌЕ КУПАМ ПИШТОЛ И ЈАВНО ЌЕ ОБЈАВАМ! Не може кој стигне да ме тепа

Беким Асани, претседател на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово, во близина на канцеларијата на организацијата, физички бил нападнат од две лица.

- Бев во автомобил, и друго црно големо возило дојде накај мене. Му велам пројди, има место. И тој отвори прозорец, почна да вика и тогаш ми рече ,,А ти си тој педерот”. Излезе од неговиот автомобил, ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс. Уште четворица беа со мене во кола, ми велат, вози остави. Велам не, морам да пријавам во полиција. Тогаш излезе и тој другиот од црното големо возило и ме удри со клоца во стомак и бокс во лице. Потоа си заминаа и полицијата дојде. Направија записник и јас заминав прво дома па в болница зашто повраќав. Таму има камери, се е снимено. Планирам да купам пиштол и јавно да го објавам тоа. Не може секој што ќе ме препознае да ме тепа. Јас сум на антидепресиви секој ден и ова е опстанок. Ама решен сум да живеам тука и да се борам. Веќе седум години не сум се движел пешки во Тетово никогаш, изјавил Асани за Слободен печат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата