Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени на лице место.

На една од снимките се гледа како за само неколку секунди, експлозијата срамнува со земја огромен објект.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOEENK (@lebaneseyvr) on

„Видов огромна огнена топја и црвен чад преку целиот град. Луѓето врескаа и трчаа, преплавени во крв. Беа разнесени терасите од зградите, пукаа стакла од објектите“, вели за „Ројтерс“ еден од очевидците.

Светските медиуми пренесуваат дека сцените во болниците се стравотни и дека голем број лекарите се обидуваат да им помогнат на ранетите на лице место.

„Луѓето лежат на земја, а некои од нив се целосно прекриени со стакло“, пренесува „Си-ен-ен“.

Министерот за здравство на Либан за медиумите изјавил дека има „многу голем број на повредени и екстремно голема штета“.

Од Црвениот крст на Либан велат дека нивните екипи се излезени на терен.

„Над 30 наши екипи се на терен. Ве молиме ослободете ги патиштата до болниците“, апелираат од Црвениот крст на „Твитер“.

На терен се излезени стотици противпожарни, амбулантни и полициски возила.

„Ројтерс“ пренесува дека од експлозијата има најмалку 10 мртви.

Канцеларијата на дневниот весник „Дејли стар“ е една од уништените од експлозијата. На снимката може да се види дека се искршени сите стакла, делови од покривот и буквално целиот ентериер.

Оштетени се домовите на луѓе кои живеат 10 километри од местото каде што се случи експлозијата, пренесуваат медиумите.

Националната либанска телевизија пренесе дека експлозијата настанала во фабрика за производство на пиротехнички средства.

Се уште не е позната причината за експлозијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата