КАКО ДА ПАДНАЛА АТОМСКА БОМБА: Вака изгледа Бејрут после разорните експлозии

4.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО ДА ПАДНАЛА АТОМСКА БОМБА: Вака изгледа Бејрут после разорните експлозии

Главниот град на Либан, Бејрут, го погодиле две силни експлозии, а најмалку десет луѓе загинале. Размерите на експлозијата се видливи на бројни видеа и фотографии. Наводно експлодирал брод полн со пиротехника.

Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на градот, во кој се наоѓаат многу згради и други објекти.

На видеата можат да се слушнат врисоци на луѓе, а локалните медиуми пренесуваат дека има повредени и лица кои останале заробени под урнатините. 

Оштетени биле згради кои се оддалечени неколку километри од експлозиите кои се случиле на 20 километри од главниот град на Либан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата