Неделен хороскоп: ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ЅВЕЗДИТЕ за неделата пред нас

3.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неделен хороскоп: ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ЅВЕЗДИТЕ за неделата пред нас

ОВЕН 

Работа

Треба внимателно да пристапувате во однос на вашите работни обврски и да не дозволувате ништо да ви избега од вид. Таквиот пристап ќе ви донесе просперитет и среќа. Не водете инает, туку потрудете се да останете отворени и да ги слушнете идеите на другите околу вас. Средината на месецот ќе ви донесе добра заработувачка.

Љубов

Ако сте во врска: На ова поле можно е да откриете голема несигурност, која вообичаено не ја покажувате и вешто ја криете пред другите. Ќе се чувствувате некако откриено и несигурно, па можно е да реагирате дури и пребурно. Тоа не е добро, па затоа потрудете се да бидете искрени и отворени кон саканата личност и да не ги сфаќате нивните зборови како напад на вашата личност. Потрудете се да поработите на враќање на стабилноста во врската.

Ако сте слободни: Слободните овни ќе се соочат со голема страст, но мора да останат смирени и трпеливи и да одат чекор по чекор. Дајте им шанса на другите да ве запознаат, а направете го истото и вие од ваша страна. Нема потреба да брзате никаде. Ќе го добиете тоа што го сакате на крајот на месецот.

Здравје

Останете смирени, грижете се за своето ментално здравје.

 

БИК

Работа

За некои бикови доаѓа можност да заработат преку социјалните мрежи и интернет. Искористете ги сите можности на современата комуникација за да покажете што знаете и да го претставите тоа пред другите. Размислувате визионерски, имате интересни идеи а тоа е забележано од вашите шефови. Можна е поддршка од личност која има подолго искуство од вас. 

Љубов

Ако сте во врска: Иако сте знак кој не ги сака промените, планетите овој месец ви даваат моќ да ги примените сите промени кои долго ги посакувате. Најдобро би било со саканата личност да отидете на кратко патување и да поминете време заедно. Време е да се опуштите заедно.

Ако сте слободни: Слободните бикови не би требало да влегуваат во врска само поради тоа што се чувствуваат осамено и им е потребно внимание. Бидете внимателни и не брзате никаде, дури и да запознаете интересна личност, нема потреба да брзате никаде. Дајте им шанса, но не поради тоа што сте осамени.

Здравје

Можни се главоболки и пад на крвниот притисок.

 

БЛИЗНАЦИ

 

Работа

Планетите ви се наклонети овој месец, а тоа ви носи финиширање на некои проекти и затворање на важни циклуси. Можно е да имате помош од некоја влијателна личност, но не заборавајте да покажете благодарност ако тоа се случи. Ќе се чувствувате задоволно во текот на целиот месец поради исполнетите мали цели и постојано ќе ги славите малите победи. Совршено, ова е вистинскиот пристап!

Љубов

Ако сте во врска: Мали промени во вашата перспектива можат да донесат промени во тоа како гледате на партнерските односи и како ја доживувате љубовта и блискоста со саканата личност. Сепак, не носете важни одлуки додека сте лути, туку запрашајте се какви мотиви има саканата личност. Пробајте да ги видите работите и од нивна перспектива. 

Ако сте слободни: Слободните близнаци можно е да запознаат нова интересна личност на некое кратко патување. Прифатете ја поканата за љубовен состанок бидејќи иако личноста можеби не ви делува интересна на прв поглед, можеби ќе откриете дека нејзината харизма е поширока од тоа што го гледате и дека имате многу заеднички теми за разговор. Овој месец можно е некој да проба да го тестира вашето трпение, па затоа останете смирени и не возвраќајте на ист начин.

Здравје

Движете се почесто.

 

РАК

 

Работа

Иако сакате да се организирате и да ги планирате своите потези, треба да знаете дека интуицијата ќе ви биде најголем пријател во текот на овој месец. Сепак, бидете внимателни и не брзајте никаде, а штом ќе донесете одлука потоа не ја менувајте. Ве очекува голем успех на полето на креативноста.

Љубов

Ако сте во врска: На ова поле се соочувате со несигурност и незадоволство, но не знаете како да го канализирате тоа, па постојано барате причини за кавги кои партнерот не ги разбира сосема. Универзумот ви препорачува да го смените вашиот пристап и да почнете со поинаков пристап. Не анализирајте премногу, нема да си помогнете овој месец така.

Ако сте слободни: Слободните ракови ќе посакаат да ги средат односите со другите луѓе, односно конечно да ја завршат приказната со некои бивши и да ги остават во минатото. Вториот дел од август ви носи голема харизма и привлечност, така што ќе бидете на мета на многу додворувачи. Една од тие личности може да остане и подолго во вашиот живот.

Здравје

Бидете умерени што и да правите, не се истоштувајте.

 

ЛАВ

 

Работа

Овој месец ќе морате да се позанимавате со политика и дипломатија. Една влијателна личност е на ваша страна, но се прашувате себеси зошто е тоа така. Не анализирајте премногу, таа личност веројатно гледа способности во вас кои самите не можете да ги видите поради сета истоштеност. Искористете ја можноста да научите нешто од неа и вратете си ја моќта која секогаш ја поседувате. 

Љубов

Ако сте во врска: Во врската ви е потребно трпение и пристап кој не значи дека вие знаете највеќе. Вашите зборови понекогаш се на место, но оставате впечаток како да не ја цените саканата личност доволно и тоа го разнишува вашиот однос. Седнете и разговарајте, сакајте се, подобрете ја блискоста. Тоа е тоа што ви е потребно овој топол август.

Ако сте слободни: Ова е период кога вашиот живот може да се промени од корен. Можно е да дојдете до разочарување,  но тоа ќе ви помогне да анализирате како се поставувате кон другите луѓе и веќе во вториот дел од месецот да се поврзете со личност која сака подобро да ве запознае.

Здравје

Добро е да поминете време покрај вода. Поработете на тоа да го подобрите имуниетот.

 

ДЕВИЦА

Работа

Сите обврски ги сфаќате сериозно, но овој месец ќе покажете дека треба да бидете и малку флексибилни. Потпрете се на својата аналитичност и способност за забележување на деталите и работите самите ќе се постават онака како што треба. Поработете на тимската работа, тоа е нешто што го занемарувате ова лето.

Љубов

Ако сте во врска: На ова поле ќе се чувствувате самоуверено и сигурно што ќе се рефлектира и на самиот однос со саканата личност. Ќе уживате во времето поминато со саканата личност, па така август ветува многу убави моменти за вас, драги девици. 

Ако сте слободни: Ќе бидете барани и посакувани, а тоа ќе во дојде одлично овој месец. Ќе флертувате и ќе уживате во вниманието кое го добивате, но не сме сигурни дали ќе дозволите некој да го освои вашето срце. Не  морате да правите отстапки за никого, вистинска личност чека на вас.

Здравје

Можна е напнатост и мрзеливост, пробајте да го смените тоа.

 

ВАГА

 

Работа

Ќе се соочите со неколку препреки во текот на август, но тие дефинитивно не треба да се причина да се откажете и да дозволите стресот да ве победи. Едноставно, сфатете ги како дел од работата и фокусирајте се само на оние нешта кои можете да ги промените. Задржете ја смиреноста, не дозволувајте да ве обземе лутина. Ова е период каде вашето трпение е ставено на тест. 

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи се чувствувате стабилно и смирено, но само додека е по ваше. Кога саканата личност ќе се спротистави на вашите желби, веднаш бунтувате и ништо не ви е во ред. Сепак, партнерот нема да има премногу трпение за вашата постојана желба за контрола, па можни се конфликти. Можеби е време да размислите дали е тоа добра навика и колку ви штети во самиот однос. 

Ако сте слободни: Слободните ваги треба да се држат цврсто до своите ставови и вредности овој месец и да бегаат од површни односи. Ова е период на развивање и учење.

Здравје

Потребна ви е детоксикација.

 

СКОРПИЈА

 

Работа

Ова ќе биде успешен период за оние скорпии кои се занимаваат со трговија. Нема да имате претерана волја за работа, но нема да ви биде ниту потребна, бидејќи овој месец ќе се фокусирате само на важните обврски. Ако работите во тим, ќе имате репутација на оној кој работи најмногу иако нема да се вложувате претерано во работата.

Љубов

Ако сте во врска: Ова е период кога ќе можете да дојдете до посакуваните промени бидејќи саканата личност ќе сака да соработува. Можно е да дискутирате за заеднички живот, купување стан или проширување на семејството. И двете страни се подготвени да се борат за љубовта, така што август е месец кој носи многу убави промени. Што и да направите, ќе биде постигнато со љубов и соработка.

Ако сте слободни: Слободните скорпии ќе бидат во фаза да избираат меѓу две сосема различни личности. Размислете добро што е тоа што го сакате покрај себе на подолг рок.

Здравје

Можни се проблеми со стомакот и дигестивниот систем.

 

СТРЕЛЕЦ

 

Работа

Бидете внимателни на работното место, бидејќи можни се прераспределби кои нема да ви се допаднат. Однесувајте се одговорно и посветено и не се нервирајте за оние нешта кои не зависат од вас. Ако ја задржите смиреноста, можен е голем напредок на ова поле. Втората половина од месецот ви носи потреба да донесете некои важни одлуки, па затоа размислете добро.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи ќе бидете многу емотивни, но и насочени кон самоанализа, личен раст и развој. Задржете го отворениот ум и потрудете се да не се затворате во себеси. Доаѓаат многу важни промени за вас, но не се оддалечувајте од саканата личност.

Ако сте слободни: Ова е период за личен развој и самоспознавање и за слободните стрелци, па така добро е да се оддалечите од сите оние кои сакаат да ви се приближат. Пробајте да излезете од некои кругови и шаблони на однесување. 

Здравје

Можни се главоболки и проблеми со стомакот.

 

ЈАРЕЦ

Работа

Овој месец можно е зближување со одредени соработници со кои ќе имате заеднички идеи, но за тоа ќе ви биде потребно храбро срце и отворен ум. Бидете прилагодливи, планирајте умерено и надевајте се на најдоброто. Овие луѓе доаѓаат со причина во вашиот живот.

Љубов

Ако сте во врска: Овој период ви носи соочување со некои работи кои сте мислеле дека сте ги надминале, но не е така. Чувствата кои се уште дел од вас а не се исчистени ќе ве однесат во најтемните делови од вашето срце и ќе ве натераат да размислувате. Нема да биде пријатно, но улогата на партнерот е да ве испровоцира во однос на тоа. Затоа, кога ќе се налутите и разбесните, не му се лутете на партнерот, туку на универзумот кој ви ја предизвикува ваквата промена. 

Ако сте слободни: Слободните јарци ќе се најдат во центарот на вниманието на личност која не знае да ги изрази своите чувства. Држете се до своите вредности и принципи и не отстапувајте од нив, чувајте се овој месец. Ова е мамка во која ако пропаднете ќе научите тешка, но важна лекција за себе.

Здравје

Можен е голем стрес. Некои јарци ќе ги мачат болки во грбот и мигрена.

 

ВОДОЛИЈА

Работа

Ве очекуваат одлични успеси на ова поле, но и супер соработка со колегите. Пробајте да ги процените сите ситуации објективно и не преземајте поголем товар од тој што можете да го издржите. Ако се занимавате со трговија, време е за попис и ревизија. Ако патувате поради работа, проверете дали документацијата ви е во ред и важечка.

Љубов

Ако сте во врска: Можни се конфликти на ова поле, но не се плашете како ќе бидете сфатени туку изразете се добро. Повремените конфронтации само ја продлабочуваат врската, ова не е крај. Само заеднички соочувајте се со проблемите кои доаѓаат и се ќе биде во ред.  

Ако сте слободни: Слободните водолии  ќе бидат романтично расположени. Ќе сакате да ги изразите своите чувства за некоја драга личност, но постојано ќе се плашите од тоа како ќе бидете сфатени. Надминете го таквиот страв, бидејќи ќе се изненадите од позитивната реакција од другата страна.

Здравје

Можни се главоболки.

 

РИБИ

Работа

Овој месец ќе имате голема поддршка која сака да ве види како успевате, или некоја личност која ќе биде на ваша страна. Ако работите во тим, можни се несогласувања и непријатни разговори. Не се вклучувајте во соработки каде немате целосна доверба во другата страна. 

Љубов

Ако сте во врска: Интензитетот на емоции на ова поле носи големи промени. Склони сте кон лутење и обвинување на саканата личност, но тоа не е најдобриот пристап бидејќи штети на односот повеќе одошто можете да замислите. Пробајте да ги разберете мотивите од нивна страна и да премолчите она што не мора да биде кажано. Вториот дел од месецот ви носи стабилизација во односите. 

Ако сте слободни: Слободните риби треба да се внимателни во однос на луѓето кои им пристапуваат, а не ги познаваат добро. Не им давајте доверба на оние кои не ја заслужиле, односно не брзајте кога станува збор за тоа. Анализирајте и набљудувајте прво, па потоа решете се дали некој ве заслужува во неговиот живот.

Здравје

Проблеми со варењето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата