Законот за социјална сигурност на стари лица веќе стигна во собранието, а за него наскоро ќе се гласа по скратена постапка.

Со него се предвидува социјалната пензија да изнесува 6 илјади денари месечно и еднаш годишно да се услогласува со трошоците на живот. Оние кои ќе добијат социјална пензија ќе имаат право и на надоместок за грееење во висина од илјада денари од октомври до март.

Со оваа мерка не се опфатени оние кои се во брак или пак живеат во вонбрачна заедница, а нивниот партнер веќе ужива пензија.

Услов да се добие ваков вид пензија е граѓаниннот да биде државјанин на земјава последниве 15 години, а покрај тоа да нема сопствен имот или пак имотни права од кои може да се издржува, да не е корисник на пензија или некој вид примања по основ на старот, инвалидност или издржвање од друга држава.

Социјалната пензија нема да се исплаќа преку ПИОМ, тоа ќе биде задача на центрите за Социјана помош. Меѓутоа нема пресметки колку граѓани се опфатени со оваа мерка ниту пак колку пари ќе одвои државата за да ја изврши исплатата.

Право на социјална сигурност за старите лица има лице со навршени 65 години возраст кое:

– има државјанство на Република Северна Македонија;

– има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;

– нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;

– не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава;

– не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.

Условите од став 1 точките 3, 4 и 5 на овој член се однесува и за неговиот брачен другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница.

Најчитани вести