СО МЕГАЈАХТА ОД 86 МЕТРИ, МЕЏИК ЏОНСОН ДОЈДЕ ВО СПЛИТ (ФОТО)

2.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СО МЕГАЈАХТА ОД 86 МЕТРИ, МЕЏИК ЏОНСОН ДОЈДЕ ВО СПЛИТ (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Ердвин „Меџик“ Џонсон пристигна на одмор во Сплит.

Легендарниот член на Лос Анџелес Лејкерс и петкратен шампион во НБА лигата пристигна во Хрватска со семејството и пријателите на мегајахта долга 86 метри.

Јахтата на Меџик е закотвена на Западниот брег во Сплит пред барот Мадуро, каде редовно се закотвуваат вакви пловни објекти.

Вработените веднаш го препознале и побарале од него да се фотографира, на што 60-годишниот Американец се согласил без никакви проблеми.

Меџик беше член на Лејкерси од 1979 до 1991 година и ја освои титулата во 1980, 1982, 1985, 1987 и 1988 година. Трипати беше МВП на финалето, 12 пати играше во Ол-стар, а три пати беше МВП лига. Тој ќе остане во Сплит еден ден, по што ќе продолжи да крстари по Јадранот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата