Голем пех за Наполи, за тимот на нашиот Елиф Елмас на само неколку денови пред одигрувањето на реванш дуелот со Барса во рамките на 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Имено Лоренцо Инсиње, еден од клучните играчи на Џенаро Гатузо, настапи на мечот со Лацио при што го повреди мускулот на левата нога. Првите прогнози се дека напаѓачот ќе мора да паузира и дека нема шанси да игра во Лигата на Шампионите. Сепак деталите за тоа од каков вид е повредата ќе се знаат за ден- два. Реваншот со Барса е еден од најважните за Наполи во последно време. На првиот меч во Неапол беше 1:1, значи италијанците имаат шанси да ја минат оваа пречка, шанси кои по повредата на Инсиње им се намалуваат.

Инаку Инсиње откако падна на теренот и по укажаната лекарска помош со солзи во очите ја напушти играта.