Подмладениот тим на Работнички се чини дека во победнички ритам ја дочекува сезоната 2020/2021 која стартува веќе следниот викенд. Подготовките, освен доцнењето со патувањето во Охрид од оправдани причини, минаа во најдобар ред. Одиграни се четири меча во кои момците на стратегот Ратко Достаниќ славеа на три, со Пелистер, Охрид и вчера со Борец, а загубија само еднаш и тоа од Шкендија. Вчера на “генералката“ со велешани беше солидно, триумфот го донесе младиот Лука Станковски, и се чини дека Работнички е спремен за гостувањето во Ѓорче во недела.

Тимот е испрофилиран, има тука доста искуство во Силјановски, Трајковиќ, Муарем…но и млади сили како Јанков, Тодоровски, Станковски…кои му даваат белег, специфичност па и “романтика“ на клубот од Градски парк.