Контроверзниот тенисер Ник Кирјос, уште еднаш ја разбрани тениската јавност откако се откажа од настапот на УС Опен, и им порача на сите дека колективното здравје треба да биде поважно од индивидуалните успеси и играња.

„Оваа година нема да играм на УС Опен. Ме боли што нема да играм на еден од најголемите стадиони, но стојам зад мојот народ, како и зад стотина илјади Американски кои ги изгубија своите животи. Ова е моја одлука. Мора да се однесуваме за интересот на другите. Не може да играте на маса, да земате пари по Европа или да пробате да направите некоја егзибиција за да заработите брзи пари. Тоа е себично, не мислите на другите“, рече Кирјос алудрајќи на „Адрија Тур“.

„За оние кои се однесуваа неодговорно, ви кажувам среќно. Играјте на свој ризик, немам ништо против“, додаде Кирјос.