По белоруската убавица Дарја Аврамчук, женскиот ОК Вардар подготвува ново изненадување. Имено нашиот евро претставник е пред трансфер, или пред потпис со репрезентативка на Куба, а тоа е Аидачи Атила Агуеро Агилера. Девојката има 21 година, актуелна репрезентативка на своја земја а досега играше за Камагуеј од Куба. Како што велат од ОК Вардар, преговорите се при крај и прашање на ден е кога трансферот со одбојкарката од Куба ќе биде официјализиран. Со овие потези ова лето, ОК Вардар покажува дека има намера во иднина да се издигне како клуб, и машката и женската секција, на уште повисоко ниво.

Да споменеме дека и и женската и машката екипа ќе настапуваат во Европа, и тоа во ЦЕВ Челинџ- Купот.