Дарко Велковски го освои Куп трофејот со Ријека. Ова за него беше втор трофеј во ова натпреварување, откако го освои и минатата сезона.

„Оваа сезона заслуживме трофеј, и мислам дека заслужено дојдовме до пехарот во Купот. Ова дава дополнителен мотив за настапите во Европа“, рече Велковски.

Ријека испушти шанса да игра во квалификациите во Лигата на шампионите, а таму ќе оди Локомотива, вчерашниот ривал на Ријека во финалето.

Ријека славеше со 1:0, а Дарко Велковски го одигра целиот натпревар. Македонскиот репрезентативец е станрдерн во последно време.