Уште по 1.коло во српската Суперлига, откако за Партизан се досуди пенал на мечот во Крушевац, изби вистинска “војна“ меѓу вечните ривали, нешто што е вообичаено, и тоа поради судењето.

Па така секој од свој агол си го толкува се она што се случуваше на мечот меѓу Напредак и Партизан.

Од страна на Ц. Звезда беше испратено соопштение до надлежните повеќе да се внимава на судиите, да се суди како што треба, нарекувајќи ја арбитражата брука.

Не се чекаше премногу на одговорот од Партизан, клуб кој исто така имаше што да каже во своја “одбрана“. Откако наброи се она што се случувало во минатото, дека ривалот им е европски рекордер во досудени пенали, посочи дека ова што го прави Ц. Звезда е специфична црвено – бела ВАРИОЛА – КОРОНА, со оглед на тоа дека само тој клуб бил против за воведување на ВАР системот.