По мечот со Аталанта, и покрај победата и покрај фактот дека Интер го освои второто место, најголем успех во Серија А во последните години, тренерот Антонио Конте на пресот кажа некои работи кои не требаше да се кажат, веројатно.

Тој посочи дека клубот, односно челниците на Интер ништо не направиле за да го заштитат, дека не сака сега некој друг да го преземе успесите како свои, ако ова е успех и слично. Едоставно тој го искористи пресот за да се пресмета со раководството на клубот.

Ова по се изгледа дека значи само едно, а тоа дека Конте ќе добие отказ, дека јазот меѓу него и челниците на клубот е преголем и дека тука нема место за соработка.

Тој едноставно со вчерашниот прес самиот си потпишал отказ.