Денеска сончево време со температура до 37 степени

2.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска сончево време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од денеска ќе следува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната неделата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата