Фудбалерите на Порто ја освоја двојната круна сезонава во Португалија, откако шампионската титула ја збогатија и со пехарот од Купот на Португалија. Во финалниот меч одигран во Коимбра, „змејовите“ славеа со 2:1 над вечниот ривал Бенфика и се израмнија по бројот на куп-трофеи со екипата на Спортинг (Л).

За Порто ова беше 17-тиот куп-пехар во витрините, колку што досега низ историјата има и Спортинг. Сепак, поразениот тим вечерва, Бенфика, е апсолутен лидер на листата на освојувачи на португалскиот куп со 26 трофеи.

Порто вечерва славеше благодарение на двата гола на Мбемба во 47. и 59. минута, додека голот за гостите беше дело на Виничиус од пенал во 84. минута.

Инаку, Порто до пехарот од португалскиот куп доаѓа првпат по пауза од 9 години.