Сергеј Јуран не е повеќе тренер на новиот прволигаш и финалист на Купот Химки. Тој денеска беше сменет, а на негово место назначен Димитри Гунко.

Но, Јуран вели дека никој не го инфофмирал за отказот, а денеска бил спречен да влезе во базата на клубот.

„На хартија и натаму сум тренер на Химки. Никој не ме информирал за отказот, никаков раскин не сум потпишал, а дури не ми дозволија денеска да влезам во базата и да си ги земам алиштата. Се вративме во 90-тите години. Ова е како див запад“, рече Јуран.

Јуран направи огромен успех откако го внесе второлигашот Химки во финалето на Купот, но загуби од Зенит со 1:0 со гол во 84. минута.