Авторското издание The Ring направи најнова ранг листа на најдобрите боксери во тешка категорија во светот. Изненадување или не, врвот го предводи Тајсон Фјури. Второто место му припаѓа на уште еден Британец, Ентони Џошуа, додека трет е Дилијан Вајт.

Фјури и Џошуа се очекува да имаат борба за обединување на титулите во 2021 година.

Во ТОП 5 листата на магазинот се најдоа и Дионтеј Вајлдер на 4. место, како и Луис Ортиз кој се уште котира одлично на високото 5. место.

ТОП 10 НАЈДОБРИ СВЕТСКИ БОКСЕРИ НА ДЕНЕШНИЦАТА:

  1. Тајсон Фјури
  2. Ентони Џошуа
  3. Дилијан Вајт
  4. Дионтеј Вајлдер
  5. Луис Ортиз
  6. Александар Поветкин
  7. Џозеф Паркер
  8. Мајкл Хантер
  9. Оскар Ривас
  10. Кубрат Пулев