Интер славеше со 2:0 на гостувањето во Бергамо против Аталанта во директниот дуел за второто место на табелата во Серија А. Во последното коло вечерва, „нероаѕурите“ имаа повеќе желба за победа и успеаја да дојдат до трите бода со головите на Д’Амброзио и Јанг уште во првото полувреме на средбата. Оваа победа во директниот дуел со конкурентот за второто место им донесе вицешампионски пласман на „нероаѕурите“ со само бод заостанување зад шампионот Јувентус.
Јуве, пак, на домашен терен со голем број млади фудбалери немаше сили да и се противстави на Рома и и дозволи да замине со победа од Торино. „Волчицата“ славеше со 3:1 за крај на сезоната на оеттото место на табелата.
Милан ја заврши сезоната фуриозно, како што и ја продолжи по пандемијата со коронавирусот. Вечерва во Милано „настрада“ Каљари, против кого момците на Пиоли славеа со 3:0.
Во еден од најинтересните дуели вечерва, Наполи на Елиф Елмас кој ги одигра само последните 10-тина минути на средбата, со 2:1 го порази Лацио. Кај гостите единствениот гол беше дело на годинава неверојатниот Чиро Имобиле, кој дојде до бројката од 36 постигнати гола и ја освојува титулата „Најдобар стрелец во Серија А“ со пет гола повеќе од Кристијано Роналдо.
СЕРИЈА А – 38. КОЛО
Бреша – Сампдорија 1:1
Милан – Каљари 3:0
Аталанта – Интер 0:2
Наполи – Лацио 3:1
Јувентус – Рома 1:3
УТРЕ:
СПАЛ – Фиорентина
Болоња – Торино
Лече – Парма
Џенова – Верона
Сасуоло – Удинезе