Антонио Конте има план како да го донесе Ндомбеле од Тотенхем во Милано. Според новинарот Џанлика Ди Марцио, „нероаѕурите“ размислуваат да му понудат на Мурињо размена на фудбалери, која ќе ги вклучи Ндомбеле од едната и Шкрињар од другата страна.

Не е тајна дека миланезите се заинтересирани за играчот од средниот ред на Спарс уште од времето кога беше во Лион, но минатото лето играчот се пресели во Тотенхем за рекордни за клубот, 60 милиони евра. Сепак, тој не успеа да се етаблира во тимот, одигра 29 натпревари, во кои постигна 2 гола и 4 асистенции на сите турнири.

Тренерот на Интер, Антонио Конте нема намера да го користи Шкрињар ис ледната сезона, бидејќи тој не е дел од неговата шема со тројца дефанзивци. Сега на потег е Мурињо.