Кошаркарите на Мајами се вратија со победа во продолжението на прекинатата сезона во НБА лигата. Вечерва во дербито против третиот тим од Западот, Денвер, „жешките“ обезбедија убедлива победа од 125:105 во меч во кој вистинска доминација имаа во играта во второто полувреме.

Одлично расположените Џими Батлер и Кели Олиник го поведоа тимот на Мајами до 41-та победа сезонава со која полека им се закануваат на Бостон кои се на само две победи од нив на третото место на Истокот. батлер одигра одлично прво полувреме, а средбата ја заврши со 22 поени, додека Канаѓанецот Олиник брилјираше во последната четвртина во која погоди четири тројки и дојде до бројката од 20 поени со кои тотално ги откажа Нагетс од идејата за триумф.

Кај Денвер, Јокиќ и Грант завршија со по 19 поени.