Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен има намера да ја заврши кариерата по крајот на сезоната 2020 година, објави „InsideRacing“.

Овој викенд Раиконен ќе го извести тимот дека нема намера да остане во шампионатот за 2021 година.

Годинава Финецот сè уште нема освоено ниту еден бод, а на унгарското Гран-при за прв пат во својата кариера стана најбавен возач во квалификациите.

До крајот на тековниот шампионат, Раиконен има можност да го собори рекордот на Рубенс Баричело по бројот на настапи во шампионатот во Формула 1. Сегашниот рекорд е 322 трки.