Oд карантин во Шпанија побегнале 59 мигранти

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oд карантин во Шпанија побегнале 59 мигранти

Група од 59 мигранти избегала од карантин во спортска сала во Шпанија, откако било утврдено дека тие биле во контакт со лица заразени од ковид-19.

Властите објавија дека на мигрантите им бил пропишан карантин од 14 дена во спортска сала кај градот Картагена, пишува „Ла Вердад“.

Полицијата досега успеала да пронајде и да врати 15 избегани мигранти.

Тие пристигнале во Шпанија со брод минатата недела преку Медитеранот во поголема група.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата