Менсур Куртиши, поранешниот македонски репрезентативец, е далеку од професионален фудбал. Тој сега настапува во четвртолигашот од Австрија, Фрст Виена. Таму е веќе четири години, односно од својата 30-та година.

Куртиши вчера даде два гола во пријателски меч за Фрст Виена во победата над Леобендорф од 3:1.

Куртиши настапи два пати за репрезентацијата, а во минатото играше за многу клубови како Матера, Варезе, Бризбејн, Шкендија, Тобол, Ал-Тавон, Виенер Нојштад и Парндорф. Куртиши потекнува од младинската школа на Рапид Виена.