Османи најави преговори со СДСМ но, и со ВМРО ДПМНЕ

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Османи најави преговори со СДСМ но, и со ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ биле во комуникација со сите политички субјекти, но не откриваат детали за преговорите. 

„Во интерес на разговорите во насока на формирање ново владино мнозинство апсолутно нема да откривам детали токму во интерес на успехот на тие разговори“, вели портпаролот, Наум Стоилковски. 

Не откриваат ниту дали на конститутивната седница во вторник ќе се знае како ќе се позиционира партијата.

Во интервју за косовската „Т7“, Бујар Османи ги оценил како „коментари на аналитичарите“ гласините дека е договорен модел за ротација на премиерот.

Демократската унија за интеграција очекува покана од СДСМ за формирање на ново парламентарно мнозинство, веднаш по конституирањето на Собранието. Ова го изјавил високиот партиски функционер, Бујар Османи, во интервју за косовската телевизија „Т7“, пренесе „Аласт-М“. Но, во исто време, Османи не ја исклучил можноста за формирање мнозинство и со ВМРО-ДПМНЕ. 

СДСМ веќе најави дека од 4 август ќе преговараат. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата