Првата рунда на преговори меѓу Милан и Ибрахимовиќ, минала во најдобар ред, и Швеѓанецот ќе остане во таборот на „росонерите“ и во следната сезона. Ова е исходот од вчерашниот состанок меѓу Паоло Малдини и Мино Раиола.

Иако има 38 години, и беше блиску да се врати во Шведска, сепак, Ибра ќе мине уште една сезона во Серија „А“. Тој игра фантастично после паузата поради коронавирусот, и тоа беше доволна препорака да му биде понудена нова соработка.

Што е најважно, и Ибрахимовиќ се согласил да остане во Милан и да го одложи своето враќање во Шведска.