Утринава од Италија дојде веста дека Јосип Иличиќ веќе извесен период  е дома, во Словенија, и тоа поради семејни проблеми. Таа вест и СПОРТМЕДИА ја пренесе. А во текот на денот дојде уште една вест дека фудбалерот на Аталанта бил во голема депресија, и тоа поради својата сопруга.

Имено, барем така шпекулираат медиумите, Јосип кога дошол дома ја “фатил“ во кревет својата сопруга со друг маж. Е сега дали ова е вистина или не, сосема е неважно за Аталанта. Поважно е тоа што клубот ќе мора во завршницата од Лигата на Шампионите, односно во ¼ финалето против ПСЖ, да го игра без својот најдобар фудбалер.