За разлика од останатите клубови од ПМФЛ, Вардар денеска и утре нема да има “генералка“, односно последен пријателски меч во пресрет на сезоната 2020/2021. Сезона која стартува веќе следниот викенд, а нашиот најтрофеен клуб во рамките на првото коло го дочекува велешки Борец. Фактот дека вардарци со тренерот Александар Васоски со тренинзи почнаа пред неколку денови, и фактот дека сега и да сакаат немаат со кого да играат, придонесе за првпат во историјата Вардар да ја дочека сезоната без ниту еден контролен меч.

Сепак тоа не е толку страшно ако се знае во каква ситуација беше клубот пред недела – две.Постоеше голема опасност да не ни го стартува првенството, а за тоа се знае какви се последиците. Значи сега најважно е Вардар што ќе стартува и што ќе го избегне најголемиот срам во својата исорија, а тоа исфрлање од ПМФЛ.

Во меѓувреме за денеска закажан е меѓусебен натпревар, ако така може да се каже, каде на дело може да се видат во каква форма се новаците Блажевски, Петковски кои се всушност повратници, и Велковски и Најденов. А и во каква форма се сите оние кои ќе конкурираат за првиот тим за мечот со Борец.