Постојат шанси, покрај ТФТ и Куманово, во следната сезона во Балканската лига или БИБЛ, да учествува уште една екипа од Македонија. Засега името на екипата не е познато, но прво треба да се види дали навистина раководството на регионалната лига  на нашата земја ќе и додели место за трета екипа. Ова е големо изненадување ако се знае дека до пред некоја недела за Македонија беше “осигурано“ само едно место, и тоа на ТФТ. Потоа на ред дојде Куманово, а еве сега има шанси за трета наша екипа. Во новата сезона ќе учествуваат осум екипи, од кои две од Косово, потоа може да има две од Бугарија, по еден од Црна Гора и Хрватска. Во зависност од тоа колку и официјално ќе се пријават можно е Македонија да има и трет претставник во БИБЛ.