СПАЛ по три сезони испадна од Серија А, а навивачите тешко го поднесоа тоа па решија да преземат нешто на своја рака и да им дадат до знаење на фудбалерите дека не смеат да се шегуваат со овој клуб. Па така пред неколку денови бил забележан инцидент. Фудбалерите пристигнале на тренинг и на влезот на центарот пронашле свински глави и порака на која пишувало: „Не сакаме свињи во Ферара“.

Валентина Фероци, шефицата на тренинг центарот на СПАЛ испрати порака до навивачите: „Можете да протестирате, тоа е ваше право, но некои работи не смеете да ги правите. Не знам кој ја закачил пораката на тренинг центарот. Но тие што го закачиле се во лош филм“.